Серум на гликолна киселина за регенерација на кожата на лицето. Гликолната киселина е една од најчесто користените алфа-хидрокси киселини, заради нејзината ефикасност. Нејзините молекули се помали од оние на другите АХА киселини и едноставно побрзо и подобро продираат и се апсорбираат во кожата. Делува така што ги крши врските помеѓу изумрените клетки на кожата, по што тие се ослободуваат и може лесно да се отстранат со ексфолијација. Редовната употреба го забрзува процесот на регенерација на кожата, со што се добива подмладен и посвеж изглед.
Не содржи парабени, минерални масла, конзерванси и парафин.