Revox Retinol in Squalane

Шифра: 103894

Цена:

395 ден.

277 ден.

Безводен раствор на чист ретинол за лице и врат 30мл

Експрес пошта: Достава за 2-4 работни дена.

  • Опис
  • Како се користи
  • Состојки
  • За брендот

Ретинол во сквален е безводен раствор на чист ретинол за лице и врат. Ретинолот е една од најмоќните состојки против стареење, бидејќи е докажано  дека силно делува на процесот на  регенерирање на клетките на кожата. Ретинолот помага да се ревитализира кожата, придонесувајќи за нејзин поздрав изглед. Исто така, го стимулира  производството на колаген, што води кон намалување на видливите знаци на стареење. Сквалан маслото, обезбедува длабинска хидратација, правејќи ја кожата “полна”, мека, поеластична, поенергична и помазна. Текстурата на растворот е лесна, безмасна и многу брзо се апсорбира. Овој производ ги таргетира  видливите знаци на стареење на кожата, како што се: фините линии, брчките и состојбата на “oвената” кожа. Особено е корисен за зрела кожа, како и за уморна кожа, без сјај и енергија. Ретинолот во составот е со концентрација 0.25%.

Комбинирајте со REVOX B77 JUST Niacinamide 10% како дел од вашата дневна рутина за убавина.

Внимание: Не комбинирајте со чисти масла за да спречите прекумерна маснотија на кожата. Не комбинирајте со други ретиноиди или директни киселини за да избегнете иритација. Ретиноидите можат да ја направат кожата почувствителна на УВ зрачење. Избегнувајте директно изложување на сонце и користете заштита од сонце. Избегнувајте контакт со очите. Не користете на иритирана кожа! Можна е индивидуална нетолеранција на производот. Ако се појави иритација или прекумерно црвенило, прекинете ја употребата. Пред првата апликација, се препорачува да се изврши тест за чувствителност. Доколку не се развие иритација по 24 часа, производот е безбеден за употреба.

Нанесете 2-4 капки навечер на чиста и целосно сува кожа, избегнувајќи ја пределот околу очите и нежно масирајте. Почекајте додека не се исуши кожата пред да го нанесете следниот производ. Користете ја како ноќна храна наместо навлажнувачи или третмани со масло.

Caprylic/Capric Triglyceride, Squalane, Vitamin A Palmitate / Retinyl Palmitate, Vitamin E Acetate / Tocopheryl Acetate.

Revox

Синоним за едноставност - најефикасната состојка во најголема можна концентрација за постигнување најдоби можни резултати во домашни услови. Без парабени, парафин и парфеми.

Поврзани производи

Можеби ќе ве интересира