Витамин А (ретинол), мешавина на масла и витамин Е кои ја осветлуваат кожата, даваат долготраен сјај, еластичност и мазност на кожата. Ултра лесната формула овозможува брзо да се апсорбира во кожата. Ретинолот помага да се намали/успори појавата на фини тенки линии, несовршености предизвикани од изложување на сонце, како и знаци на стареење на кожата. За кожа со први знаци на стареење. Овој серум содржи ретинол 0.3%.
Што е ретинол? Ретинолот (витамин А) не може да се произведе од телото и затоа треба да се снабдува локално, преку нега на кожата. Ретинолот делува како антиоксиданс и делува длабински на клеточно ниво, каде помага да се засили производството на колаген и еластин, помага да се намали/успори стареењето на клетките и го регулира производството на себум.