×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.






ПОЛИТИКИ И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

 
Политики за користење на системот за електронска трговија.
 
Со самиот пристап на интернет страницата на ИНСТИТУТ ОРГАНИКА Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.
 
ИНСТИТУТ ОРГАНИКА Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ ги задржуваат правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.
 
1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ
 
ИНСТИТУТ ОРГАНИКА Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. ИНСТИТУТ ОРГАНИКА Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.
 
2. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ
 
ИНСТИТУТ ОРГАНИКА Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. ИНСТИТУТ ОРГАНИКА Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за on line плаќање.
 
3. ПОЛИТИКА И УСЛОВИ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ/УСЛУГИТЕ
 
Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку Македонска Пошта АД Скопје, Глобко Логистик Скопје, Карго Експрес, Спиди Деливери на адресата која е наведена во порачката.
 
Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата.
Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка.
 
Поштенските трошоци се вклучуваат при нарачката во крајната цената на производот.
 
За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да не контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.

4. ПОВРАТ НА СРЕДСТВА И ЗАМЕНА НА ПРОИЗВОДИ

Според Законот за заштита на потрошувачите, купувачот има право да врати купен производ во период од 7 дена од датумот на испорака, под услов производот кој се враќа да е во иста физичка состојба во која е испорачан, неотпакуван и неупотребуван, со сите етикети и ознаки кои ги имал при приемот.

Во случај потрошувачот да добие грешен производ или не го добие нарачаниот производ има право да бара рефундирање на средства.

4. ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ПО ТРАНСАКЦИЈА СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ
 
ИНСТИТУТ ОРГАНИКА Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ.

Откако ќе се регистрирате, потребно е да се најавите на нашата веб страната со Вашето Корисничко име и Лозинка, сите производи ќе бидат достапни да се видат со цени.

Доколку сакате некој производ да го нарачате, кликнете на името на самиот производ,
потоа наведете ја количината и ДОДАЈ ВО ТОРБАТА.

Истата постапка повторете ја и со останатите производи што ви се потребни.
Кога ќе ја завршите нарачката, во горниот десен агол, ќе ја видите состојбата во Вашата ТОРБИЧКА.

Кога ќе бидете сигурни за изборот и количините, притиснете на ИСПРАТИ НАРАЧКА.

На Вашиот е-маил ќе Ви стигне потврда за Вашата нарачка со листата на производи
што сте ги нарачале.

5. ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ при посета на интернет страната на ИНСТИТУТ ОРГАНИКА Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ www.atika.mk

Оваа Политиката за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој ИНСТИТУТ ОРГАНИКА Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани од корисниците (понатаму: “корисник") при посета на нејзината интернет страната www.atika.mk (понатаму: ”интернет страна").

Оваа политика за приватност се однесува единствено за наведената интернет страна и не се однесува за личните податоци што ИНСТИТУТ ОРГАНИКА Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ ги собира од своите корисници на други начини.

Оваа Политика на приватност не се однесува ниту на лични податоци кои ги собираат други интернет страни, до кои пристапувате преку нашaтa интернет страна.

Кои информации ги собираме?

За време на посетата на интернет страната, Вашата приватност целосно се почитува.

При посета на интернет страната, ИНСТИТУТ ОРГАНИКА Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ ги обработува Вашите лични податоци (лични податоци за идентификација и информации за контакт), само доколку доброволно ги дадете преку регистрирање на нашата интернет страна, заради користење на нашите услуги и производи, како што се активирање или деактивирање на одредени услуги, регистрација, информирање за состојбата во врска со вашата сметка, електронски нарачки при online продажба, електронско плаќање, наградни игри, анкети.

При електронска нарачки и плаќање, ИНСТИТУТ ОРГАНИКА Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ нема пристап до податоците поврзани со Вашата платежна картичка или сметка во банка, бидејќи тие се испраќаат директно до сертифициран процесинг центар за трансакции со платежни картички и банката преку сигурносна врска.

За кои цели се користат собраните податоци и информации?

ИНСТИТУТ ОРГАНИКА Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ ги обработува Вашите лични податоци за:

- овозможување на online користење на нашите услуги и производи, со намера за подобрување на корисничкото искуство преку унапредување на квалитетот на услугата кон корисниците, односно поефикасно одговарање на Вашите барања и давање на потребната поддршка.

- администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на страната, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нудиме преку неа.

Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани.
Обработка на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност

На кој начин се врши обработката на личните податоци?

Обработката на Вашите лични податоци ИНСТИТУТ ОРГАНИКА Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.

Вработените во ИНСТИТУТ ОРГАНИКА Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци), до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи.

ИНСТИТУТ ОРГАНИКА Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страна. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.

Други информации

Имајќи ја во предвид природата на Интернетот, треба да се напомене дека при неговото користење пасивно и автоматски се собираат податоци за навиките и преференциите на неговите корисници.

При посетата на интернет страната од корисниците, ИНСТИТУТ ОРГАНИКА Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ може да евидентира информации поврзани со нив, кои сами по себе не се доволни за да идентификауваат одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет страната. Таквите информации може да ги вклучуваат: името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на интернет страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Колачиња на пребарувачот на интернет

Колачиња (“cookies") се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред заради подобрување на корисничкото искуство и не се поврзуваат со вашите лични податоци кои претходно сте ни ги доставиле.

Со помош на колачињата ИНСТИТУТ ОРГАНИКА Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ го следи движењето на посетителите на интернет страната и на тој начин собира податоци за подобро разбирање за користењето на интернет страната од страна на посетителите, со цел да се подобри корисничкото искуство, да се оптимизира и унапреди функционалноста на интернет страната.

Колачињата ни овозможуваат да го препознаеме Вашиот интернет пребарувач, при следната посета на интернет страната. Колачињата може да ги зачуваат Вашите преференции и други технички информации, но не можат да читаат податоци или информации од вашиот хард диск или мобилен телефон, ниту пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други интернет страни.

ИНСТИТУТ ОРГАНИКА Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ користи неколку видови на колачиња при работењето на интернет страната:

-Неопходни колачиња - колачиња кои се неопходни за правилно функционирање на основните функции на веб-страната како навигација, онлајн купување, наплата, статистика за посета на сајтот, оптимизација на содржината и сл. Тие се најчесто поставени како одговор на одредена интеракција која ја имате со веб-страната, како што се прилагодувањата за Поставки на колачиња, најава или пополнување на електронски форми. Овие колачиња не содржат никакви лични информации и не може да се исклучат со овие поставки. Повеќе опции во врска со користење на колачиња може да прилагодите во Вашиот интернет пребарувач, со цел да ги блокира или да Ве извести за овие колачиња, при што некои делови од веб-страната нема правилно да функционираат.

-Колачиња за аналитика - колачиња кои ни овозможуваат да ги броиме посетите и изворите на сообраќај, со цел да ги измериме и подобриме перформансите на веб-страната. Тие ни помагаат да анализираме кои страници се најпосетени и да видиме како посетителите се движат низ страната. Сите информации што ги собираат овие колачиња се агрегирани и анонимни.

-Функционални колачиња - колачиња кои овозможуваат подобра функционалност и персонализација на содржината на веб-страната. Тие можат да бидат поставени од страна на ИНСТИТУТ ОРГАНИКА Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ, или пак од трети страни, чии услуги сме ги овозможиле на веб-страната. Доколку не се согласите со користење на овие колачиња, некои делови од веб-страната нема правилно да функционираат.

-Колачиња за маркетинг - колачиња кои можат да бидат поставени преку ИНСТИТУТ ОРГАНИКА Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ веб-страната од страна на надворешни партнери. Партнерите може да ги користат колачињата за да Ви покажат релевантни реклами на други веб-страни. Тие директно не ги зачувуваат Вашите лични податоци, туку се насочени кон идентификување на Вашиот интернет пребарувач и/или интернет-уред.

На интернет страната има само таков тип на колачиња што се чуваат на компјутерот на корисникот, согласно во поставките на интернет пребарувачот, кои корисникот ги има поставено.

Со посетата на интернет страната посетителите може да направат избор кој тип на колачиња сакаат да бидат зачувани на интернет пребарувачот, преку опцијата “Поставки за колачиња”. Со кликање на копчето "Се согласувам" или со продолжување на користење на веб-страната, се согласувате да ги зачуваме колачињата опишани во овој документ.

Во поставките на  својот интернет пребарувач корисниците може да изберат да пребарувачот да ги одбие или избрише колачињата. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од интеренет страната може да не функционираат како што е предвидено.

Ремаркетинг

ИНСТИТУТ ОРГАНИКА Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ информациите кои ги собира преку користењето на колачиња (“cookies"), ги користи за ремаркетинг преку Google AdWords и Facebook, односно за свое рекламирање на други интернет страници кои ќе ги посети корисникот, врз основа на претходна посета на интернет страната на www.atika.mk и обезбедена согласност за оваа активност.

Google, Facebook и останати трети страни, прикажуваат АdWords односно т.н. "ads" низ различни интернет страници и апликации кои корисникот ги посетува и користи. Овие “ads" се базираат и на претходните кориснички посети на интернет страната на ИНСТИТУТ ОРГАНИКА Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ преку користење на колачиња.

Покрај колачињата користиме и други технологии за да ги препознаеме и следиме посетителите на нашата страна. Web Beacon или пикселот за следење (tracking pixcel) е графичка слика (најчесто еден пиксел) која се пренесува преку пребарувач или HTML email порака, најчесто заедно со колачето.

Пикселите за следење ни овозможуваат, на пример, да следиме како корисниците се движат од една на друга веб страна, како пристапиле на сајтот, дали со кликнување на одредена реклама на Facebook или веб-банер поставен на трета страна-за да научиме и ги оцениме перформансите на рекламите и воопшто на целиот сајт.

На пример, кога со посетата на www.atika.mk корисникот се интересирал за одредена услуга или уред без да направи конкретна нарачка, со таквата активност се генерира информација која може да се појави во форма на оглас кај Google и Facebook и на корисникот врз основа на неговиот претходен интерес, при посета на друга интернет страна која исто така користи "ads" на Google да му биде презентирана реклама за ИНСТИТУТ ОРГАНИКА Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ или за содржината која ја посетил на страната на ИНСТИТУТ ОРГАНИКА Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ. Сите собрани податоци од ИНСТИТУТ ОРГАНИКА Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ ќе се користат во согласност со оваа Политиката за приватност, односно со политиките за приватност на Google и Facebook за податоците собрани кај нив.

Корисниците можат сами да ги подесат параметрите за начинот на кои Google и и Facebook рекламираат до нив со пристапување на следните страници:
За "Google": https://support.google.com/ads...
за “Facebook": https://www.facebook.com/ads/w...

Корисникот може целосно да се откаже од ваквиот начин на рекламирање засновано на неговиот претходен интерес со подесување на поставките за колачиња во интернет прелистувачот кој го користи корисникот. DoNotTrack ("DNT") е функционалност која му овозможува на корисникот да го подеси својот интернет пребарувач да ги информира интернет страниците дека неговото движење на интернет не сака да биде следено.

"DNT" функционалноста корисникот може да ја овозможи или оневозможи со посета на делот "Параметри" (Preferences) или “Поставки" (Settings) на интернет пребарувачот кој го користи.

Промени во политиката за приватност на личните податоци

ИНСТИТУТ ОРГАНИКА Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страната и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на овој документ. Корисникот се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.

Прифаќање на условите

Со продолжување на пристапот и користењето на интернет страна www.atika.mk, корисникот ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност.

Доколку не се согласувате со оваа Политика за приватност, ве молиме да го прекинете пристапот до интернет страната.

ИНСТИТУТ ОРГАНИКА Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ

Датум на ажурирање 03.2021

Ретко пишувам и оценувам кога купувам онлајн, но со Атика е поинаку, задоволството мора да го искажам, професионална услуга и многу квалитетни производи. Сакам да ја препорачам секому, само позитивно искуство имам со Атика.

Ивана Костовска

Скопје, Македонија

Брендовите како Revuele се одлична вредност за парите, особено оние кои ја негуваат кожата. Нарачката преку Атика беше брза и пристигна за еден ден...

Катерина Трпевска

Велес, Македонија

Обично купувам директно од продавница, но решив да пробам онлајн бидејќи цените беа поевтини. Производите стигнаа за еден ден до мојата врата, одлично спакувани и со подарок!

Марија Стојановиќ

Охрид, Македонија