Едноставни чекори до најдобрата дневна рутина за нега на кожата, според дерматолозите
03.01.2022
Сакате да започнете рутина за нега на кожата, но имате неколку прашања: Колку производи за нега треба да користите? Кои се соодветни за вашата кожа? По кој редослед треба да ги применувате овие производи? И што прават производите?
За да извлечете најголема корист од дневниот рутина за нега на кожата, без разлика за каков тип на кожа станува збор, треба да започнете со три едноставни чекори: чистење, лекување и навлажнување.
1. Средство за чистење
Чистењето на лицето треба да биде првиот чекор во секоја рутина за нега на кожата, бидејќи ги отстранува нечистотиите и вишокот маснотии кои можат да ги затнат порите
Мицеларна вода за чистење на лице, очи, уста - нежно отстранување на сите типови шминка, длабинско прихранување и омекнување на сувата но и нежната и чувствителна кожа.За себе одберете Revuele Micellar Water Soothing збогатена со биолин комплекс. Без алкохол и парабени.
2. Серум
За потемни тонови на кожа, хиперпигментацијата може да биде вообичаен проблем, а користењето на серум со витамин Ц наутро може да помогне во ублажувањето на темните дамки. Дневна рутина за утринска енергија на регијата околу очи, хидаратација и совршено мазен финиш на целото лице. Резултати: Инстантно и видливо подобрување на тонусот на кожата, свеж изглед и помала видливост на темните или потечени подочници. Помала изразеност и видливост на тенките мимични линии, како и борите, помазен и посвеж изглед во текот на целиот ден. Прихранета и смирена кожа, свиленкаста на допир со прекрасен сјај и неверојатно чувство на комфор во текот на целиот ден со Revox Daily Routine Set.
3. Дневен хидратантен крем
Хидратантен крем, кој ја одржува кожата хидрирана и помага да се зајакне нејзината бариера. Освен ако немате сува кожа, одлучете се за посветла хидратантна крема за дневна употреба, како што е лосион или гел што брзо ќе се впие под шминката. Hada Labo Tokyo Sun Face Cream Light Hydrator лесен хидратантен крем за лице со висок фактор на заштита, SPF 50, кој гарантира заштита од сончеви УВА/УВБ зраци, кои се главната причина за предвремено стареење на кожата, појава на дамки, флеки и пеги. Комбинација од супер хијалуронска киселина, пантенол, еластин и колаген. Лесна, немрсна текстура, брзо апсорбирачка и може да се нанесува и на влажна кожа е вистинскиот избор за вас.