Наместете го спрејот во положбата „ON“. Пред употреба тестирајте на мала површина. Испрскајте на извалканото место и оставете да делува 5 минути. Избришете го остатокот од ткаенината или тепихот со крпа која не испушта боја. Откако ќе се исуши, исчистете го тепихот со правосмукалка. За најдобри резултати третирајте ги дамките додека се свежи. Тврдокорните или старите дамки може да бараат повеќе од еден третман.
Внимание: Овој производот не е класифициран како штетен според GHS. Чувајте го подалеку од дофат на деца. Пред употреба прочитајте го упатството. Ако имате осетлива кожа, носете заштитни ракавици. Не користете на ткаенини кои се само за хемиско чистење. Не е погоден за волна, кадифе, брокат, вискоза, свила, ориентални килими, велур и кожен тапацир. Не користете четка или абразивна подлога.
Чувајте во исправена позиција, на суво и темно место, подалеку од сончева светлина. Да не се изложува на високи температури.