Главната одлика на рицинусовото масло е малата молекуларна тежина која овозможува лесно продирање во кожата и косата. Поради тоа, ова масло е идеално за хидратација на кожата и косата бидејќи лесно навлегува во порите на кожата и коренот на косата. Со примена на рицинусовото масло се врши длабинска хидратација на клетките. Широката употреба во козметикатата се должи и на исклучително големата концентрација на витамин Е и рицинолеична киселина.
Рицинусовото масло може да се користи директно на косата, кутикулите, веѓите, трепките и кожата.