Хидратантeн крем за лице составен од ладно цедено масло од семе од коноп, шеа путер и алое вера. Бидејќи сите состојки се ладно цедени, тоа значи дека се задржани сите природни состојки, кои го прават овој крем вистински еликсир кој може толку многу да понуди. Семето од коноп, ги содржи буквално сите аминокиселини и есенцијални масни киселини кои се неопходни за виталност на лицето.
Дополнително, шеа путерот ја регенерира и штити кожата од надворешни агенси, а Алое Вера помага брзо да се отстранат мртвите клетки, со што се стимулира обновувањето на здрава кожа. Нејзиното изобилство со минерали, како што се калциум, фосфор, калиум, цинк, магнезиум и бакар, помага кожата интензивно да се нахрани.